БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Поради коронавирусот одложен Делфи економскиот форум во Грција на кој планирано беше присуство на македонски претставници

Економскиот форум во Делфи, Грција што требаше да се одржи од 5 до 8 март 2020, поради коронавирусот е одложен за крајот на мај или почетокот на јуни, соопштија организаторите.

Атина, 29 февруари 2020 (МИА) – Економскиот форум во Делфи, Грција што требаше да се одржи од 5 до 8 март 2020, поради коронавирусот е одложен за крајот на мај или почетокот на јуни, соопштија организаторите.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, оваа година, на панел дискусија во рамките на петтиот Економски форум, требаше да присуствува и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, но и поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев и советникот во владата Франсоа Лафонд.

Организаторите велат дека по вчерашното соопштение од Светската здравствена организација за опасноста од пренесувањето на коронавирусот, ги обврзува да го одложат настанот, „фокусирајќи се пред сè на заштитата и безбедноста на сите учесници од Грција и странство, на оние кои работат на Форумот и локалното население“.

Во следните денови ќе биде соопштен нов датум за одржување на форумот.

Економскиот форум оваа година ќе се одржи по петти пат, под покровителство на претседателот на државата, а планирано беше да учествуваат грчкиот премиер, министри од неговата влада, заменик помошникот државен секретар на САД, шефови на дипломатии од други земји, грчки и странски професори, поранешни министри и претставници на опозициските партии итн. ср/ссм/

Back to top button
Close
Close