Svet.SlajderСветСвет.Портал

Поради Хонг Конг, Кина воведе санкции за 11 Американци, меѓу кои шест сенатори

Кина денеска соопшти дека воведува санкции за 11 Американци, меѓу кои и шестмина сенатори, поради тоа што лошо се однесувале во однос на прашањето за Хонг Конг. 

Пекинг, 10 август 2020 (МИА) – Кина денеска соопшти дека воведува санкции за 11 Американци, меѓу кои и шестмина сенатори, поради тоа што лошо се однесувале во однос на прашањето за Хонг Конг.

Тоа е најновиот потег во ескалацијата на односите меѓу Кина и САД, откако во петокот Вашингтон воведе санкции проти Кери Лам која управува со Хонг Конг, како и против 10 други кинески и хонгкошки функционери поради нивната улога во кршењето на политичките слободи во регионот.

– Постапките на САД во петокот се флагрантно мешање во работите на Хонг Конг и во кинеските внатрешни работи, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина Жао Лијан.

– Станува збор за сериозно кршење на меѓународното право и основните норми на управување со меѓународните односи, додаде тој.

Меѓу санкционираните Американци се сенаторите Тед Круз, Марко Рубио, Том Котон, Џош Хали, Пет Туми и Крис Смит.

Рубио веднаш регираше со објава на Твитер, каде напиша дека не сака да биде параноичен, но дека му изгледа дека Кинезите не го сакаат. ссм/

Back to top button
Close
Close