Дописници МКДОпштински вести

Поради градежни активности, затворена за сообраќај улицата „Христијан Карпош“ во Куманово

Улицата „Христијан Карпош“ во Куманово, денеска е затворена за сообраќај, соопштија од општина Куманово.

Куманово, 5 септември 2020 (МИА) – Улицата „Христијан Карпош“ во Куманово, денеска е затворена за сообраќај, соопштија од општина Куманово.

Улицата ќе биде затворена поради изведување на градежни работи и асфалтирање на направен премин за атмосферска канализација на крстосницата со улиците „11 октомври“ и „Христијан Тодоровски Карпош“, како и на самата улица „Христијан Карпош“.

Претходно во средината на летото почна изградбата на атмосферска канализација на потегот од улицата „11 октомври“ кон улицата „Христијан Карпош“ во Куманово и сообраќајот се одвиваше наизменично, по претходно утврден режим.

Градежните активности за реконструкција на атмосферската канализација на терен ги спроведува фирма изведувач од Скопје, за што се одвоени 1, 1 милиони денари, информираа, тогаш од одделението за комунални дејности. На оваа локација има атмосферска канализација која низ децениите стана нефункционална. Во близина на оваа фреквентна улица е и кумановската болница.ам/ир

Back to top button
Close
Close