Дописници МКДОпштински вести

Поплочување на улици во три кавадаречки села

Ќе биде извршено поплочување на улици во три кавадаречки села, информираат денеска од Општина Кавадарци.

Кавадарци, 10 септември 2021 (МИА) – Ќе биде извршено поплочување на улици во три кавадаречки села, информираат денеска од Општина Кавадарци.

– Се врши поплочување на пристапни улици во село Бохула со површина од 450 метри квадратни. Согласно овој договор, ќе се изврши и поплочување во селата Чемерско и Крњево, појаснуваат од општината.

Од локалната самоуправа соопштија дека изведувач на работите е фирмата „Павер Трејд”.

– Финансиската вредност на договорот е 2 166 480 денари, велат од локалната самоуправа.свд/фф/

Фото: МИА Архива

Таг
Back to top button
Close
Close