СветСвет.Портал

Поплави во Нов Зеланд, стотици луѓе евакуирани

Стотици луѓе се евакуирани денеска од домовите и фармите во јужниот дел на Нов Зеланд поради поплави, соопштија властите.

Велингтон, 5 февруари 2020 (МИА) – Стотици луѓе се евакуирани денеска од домовите и фармите во јужниот дел на Нов Зеланд поради поплави, соопштија властите.

Жителите на градовите Гор, Матаура и Виндхам беа предупредувани веднаш да ги напуштат своите домови поради реките кои се повеќе се полнат како резултат на  обилните врнежи од дожд.

Евакуирани се и неколку стотици туристи од Милфорд Саунд откако поплавите и лизгањето на земјиштето ги прекинаа патиштата. Многумина од нив беа евакуирани со хеликоптер.

На југот на регионот, властите прогласија вонредна состојба. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close