БалканБалкан.Портал

Поплави во централна Босна и Херцеговина

Силното невреме со дожд што ги зафати централните на делови на Босна и Херцеговина предизвика поплави во овој дел на земјата.

Сараево, 2 јуни 2019 (МИА) – Силното невреме со дожд што ги зафати централните на делови на Босна и Херцеговина предизвика поплави во овој дел на земјата.

Од невремето поплавени се куќи, урнати мостови и уништени патишта.

Како што јавуваат локалните медиуми, голем број локални и регионални патишта биле блокирани поради излевање на водата, но и поради лизгање на земјиштето.

Најлоша е состојбата на подрачјето на општината Маглајм, каде што се излеа реката Фојница и поплави неколку куќи.

На подрачјето на Зеница поплавени се неколку населби, додека патната комуникација била прекината во местото Свице.

Поплави има и на подрачјето на Среднобосанскиот кантон во местото Малина кај Травник, каде се поплавени неколку објекти.

Во текот на ноќта и утрово, поради намален интензитет на дождовите, состојбата е нормализирана, а нивото на водата во реките се намалува. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close