0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталОпштествоПолитика

Попладнево владина седница, на дневен ред дополнителните мерки за заштита од корона вирусот

Владата попладнево во 18:00 часот ќе одржи седница, а на дневен ред, како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, треба да бидат дополнителните мерки за спречување на корона вирусот.

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Владата попладнево во 18:00 часот ќе одржи седница, а на дневен ред, како што соопшти министерот за здравство Венко Филипче, треба да бидат дополнителните мерки за спречување на корона вирусот.

Во Владата денеска координативна средба одржаа лидерите на политичките партии. На средбата присуствуваа и премиерот Оливер Спасовски, претседателт на Собранието Талат Џафери, како и министерот за здравство Венко Филипче. Генералниот заклучок од средбата е дека здравјето на граѓаните во овој момент е најважно, поради што мерките за заштита од корона вирусот мора да се почитуваат.

Во 16 часот, пред владината седница, премиерот Оливер Спасовски треба да одржи средба со владиниот економски тим и стопанските комори. мч/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close