0_Спорт.ПорталФудбал

Понтеш: Роналдо е „Супермен“

Тренерот на тимот на Спортинг У23, Леонел Понтез го нарече напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо „Супермен“.

Лисабон, 5 април 2020 (МИА) – Тренерот на тимот на Спортинг У23, Леонел Понтез го нарече напаѓачот на Јувентус, Кристијано Роналдо „Супермен“.

– Не е впечатливо што Роналдо е толку добар на 35 години, но импресионира неговата стабилност. Тој е вистински „Супермен“. Роналдо игра на толку високо ниво долги години, менувајќи ги земјите и позициите, изјави португалскиот тренер.

По принудната пауза поради пандемијата, Понтеш очекува играчот на Јувентус да се врати на терените уште посилен.

– Ваквиот одмор, особено на оваа возраст, ќе му помогне да ги наполни батериите пред да ја нахрани гладта и желбата да игра.

Оваа сезона во Серија А, Роналдо настапи на 22 натпревари за Јувентус, на кои постигна 21 гол и забележа три асистенции. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close