Svet.SlajderСветСвет.Портал

Пониските температури го забавија ширењето на пожарите во Калифорнија

Пониските температури го забавија ширењето на пожарите во Калифорнија, кои се најголеми во историјата на оваа американска држава.

Сан Франциско, 26 август 2020 (МИА)Пониските температури го забавија ширењето на пожарите во Калифорнија, кои се најголеми во историјата на оваа американска држава.

Во областа на Сан Франциско пожарите малку напредуваа во текот на ноќта, при што се справуваа повеќе од 14.000 пожарникари.

Властите предупредуваат дека Калифорнија се соочува со „мега пожари“ затоа што беснеат два најголеми пожари во историјата на оваа држава, во кои истовремено исчезнуваат многу хектари шуми со секвоја, од кои некои се стари и преку два милениума.

Пожарите сè уште не се под контрола, бидејќи повеќе од 850 удари на гром во последните осум дена предизвикаа пожари на над 1,25 милиони хектари шума.

Досега најмалку седум лица ги загубија животите, а уништени се 1.400 домови и други објекти.

Огромни количини чад целосно го оштетија квалитетот на воздухот во северна Калифорнија, кој се чувствува и до државата Канзас. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close