БизнисБизнис.ПорталЕкономија

Пониски цените на производителите на индустриски производи

Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април годинав се пониски за 0,1 отсто на месечно, а 0,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Скопје, 10 јуни 2020 (МИА)Продажните цени на производителите на индустриски производи, во април годинава се пониски за 0,1 отсто на месечно, а 0,3 отсто на годишно ниво, објави Државниот завод за статистика.

Соред објавените податоци, во април во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи,  се пониски во секторот рударство и вадење камен за 10,2 отсто, а се повисоки во секторот преработувачка индустрија за 0,5 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 3,5 отсто.

Во април 2020, во споредба со април лани, продажните цени на производителите на индустриски производи,  се пониски во секторот рударство и вадење  камен за 19,9 отсто и во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 5,4 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 1,7 отсто.

Објавените податоци покажуваат дека продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски 0,7 отсто на месечно ниво, а за 0,9 отсто на годишно ниво.

Во април 2020, во споредба со март 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот рударство и вадење камен за 14,7 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 0,4 отсто.

Во април 2020, во споредба со април 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 29,6 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се повисоки за 1,9 отсто.скс/са/

Back to top button
Close
Close