Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Помпео во Полска потпиша договор за воена соработка

Американскиот државен секретар Мајк Помпео и полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак денеска во Варшава потпишаа договор за одбранбена соработка, кој поставува правна рамка за поголемо присуство на американски војници и го отвора патот за нивно пренесување од Германија во Полска.

Варшава, 15 август 2020 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео и полскиот министер за одбрана Мариуш Блашчак денеска во Варшава потпишаа договор за одбранбена соработка, кој поставува правна рамка за поголемо присуство на американски војници и го отвора патот за нивно пренесување од Германија во Полска.

– Ова ја зголемува гаранцијата: гаранција дека во случај на закана, нашите војници ќе застанат рамо до рамо. Исто така (договорот) ќе послужи за зголемување на безбедноста на другите земји во овој дел на Европа, рече полскиот претседател Анджеј Дуда.

Договорот ќе ги продлабочи и другите аспекти на американско-полската соработка, пред се на полето на инвестициите и трговијата.

Тој го надополнува постојниот договор за статусот на силите на НАТО и овозможува зајакнување и модернизација на постојните капацитети и објекти, така што американските сили ќе имаат пристап до дополнителни полски воени инсталации.

Прецизирана е и поделба на логистиката и инфраструктурните трошоци за зголемено присуство на САД во земјата.

Околу 4.500 американски војници во моментот се стационирани во Полска, а уште 1.000 ќе пристигнат, според билатералниот договор од минатата година.

Неодамна, Пентагон, во согласност со барањето на претседателот Доналд Трамп за намалување на бројот на трупите во Германија, објави дека од Германија ќе се повлечат 12.000 војници, од кои 5.600 ќе бидат префрлени во други европски земји, вклучително и Полска.

Со посета на Полска, Помпеоја  завршува повеќедневна турнеја на четири европски земји, за време на која ги предупреди за заканата од Русија и Кина. ссм/

 

Back to top button
Close
Close