Дописници СветСветСвет.Портал

Помпео: САД предлагаат рамковен договор за преодна Влада во Венецуеала

Администрацијата на Доналд Трамп планира укинување на санкциите кон Венецуела доколку се прифати новиот предлог за преодна Влада, составена од претставници на претседателот Николас Мадуро и опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео на брифинг за новинарите.

 

Вашингтон, 18 јули 2019 (МИА) Администрацијата на Доналд Трамп планира укинување на санкциите кон Венецуела доколку се прифати новиот предлог за преодна Влада, составена од претставници на претседателот Николас Мадуро и опозицискиот лидер Хуан Гуаидо, изјави денеска државниот секретар Мајк Помпео на брифинг за новинарите.

На пресот, Помпео изјави дека рамковниот договор вклучува оставки на Мадуро и Гуаидо, спикер на парламентот на Венецуела, за oрганизација на предвремени избори најдоцна до крајот на годината и насоки за укинување на санкциите кон Венецуела.

Изборите треба да ги подготви преодна Влада предводена од Гуаидо.

-Притисокот од САД и меѓунарднaта заедница е важен дел од оваа стратегија. Санкциите остануваат и се засилуваат, се додека режимот на Мадуро не прифати вистинска политичка транзиција, изјави Помпео.

Планот на САД за транзиција во Венеуела е поттикнат од неможноста на режимот на Мадуро да се справи кризата во земјата и глобалната пандемија на Ковид-19, и САД пружат помош на народот на Венецуела за надминување на тешката ситуација.

-Ги повикуваме сите Венецуелци, од армијата и цивили, млади и стари, од сите идеологии и партии, внимателно и сериозно да го разгледаат овој рамковен договор.

Од Стејт департментот велат дека овој договор ќе обезбеди насоки за запирање на страдањето во Венецуеала и ќе отвори посветла иднина за земјата. кб/

Back to top button
Close
Close