0_Web_Избор на уредникот0_Web_Насловна-слајдер0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Помпео: САД го депонираа протоколот за НАТО, ја чекаме С.Македонија како 30. членка

САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа го објави државниот секретар Мајк Помпео на неговата страница на Твитер.

Вашингтон, 2 декември 2019 (МИА) – САД го депонираа ратификуваниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО. Тоа го објави државниот секретар Мајк Помпео на неговата страница на Твитер.

„Со задоволство ви соопштувам дека САД го депонираа ратификуваниот протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. Еден чекор поблиску до прифаќање на Северна Македонија како 30-ти сојузник на НАТО“, објави шефот на американската дипломатија.

Американскиот Сенат го ратификува протоколот за членство на земјава во Алијансата на 22 октомври годинава.

Од полноправното членство во НАТО, Северна Македонија ја дели само една ратификација, со оглед дека за десет месеци протоколот за пристапување во НАТО е ратификуван од 28 од вкупно 29 членки.

Се очекува и на Самитот на НАТО што ќе се одржи утре и задутре во Лондон, во завршната декларација  да биде забележано дека земјата е добродојдена како 30 членка.зш/са/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close