Svet.SlajderСветСвет.Портал

Помпео: САД е против создавање паралелна власт во Авганистан

Соединетите Американски Држави се против секој обид за создавање паралелна влада во Авганистан, изјави синоќа американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Вашингтон, 10 март 2020 (МИА) – Соединетите Американски Држави се против секој обид за создавање паралелна влада во Авганистан, изјави синоќа американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Тој ова го изјави неколку часа откако авганистанскиот претседател Ашраф Гани и неговиот главен противник Абдула Абдула, кој одбива да го признае, во исто време одржаа церемонии за инаугурација.

– Остро се противиме на секој обид за создавање паралелна влада и употреба на сила во решавањето на политичките несогласувања, рече Помпео.

За време на инаугурацијата на Гани, се случи ракетен напад, за кој одговорноста ја презеде Исламска држава. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close