Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Помпео: САД ја следат ситуацијата во Белорусија по спорните избори

САД внимателно ја следат ситуацијата во Белорусија по контроверзните избори одржани минатиот викенд, а потоа и разбивањето на протестите, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Варшава, 15 август 2020 (МИА) – САД внимателно ја следат ситуацијата во Белорусија по контроверзните избори одржани минатиот викенд, а потоа и разбивањето на протестите, изјави денеска американскиот државен секретар Мајк Помпео.

– Ние внимателно ја следиме ситуацијата, им рече тој на новинарите на прес-конференцијата што се одржа во Варшава со полскиот министер за надворешни работи Јацек Чапутович.

Шефот на полската дипломатија  оцени дека потенцијалните санкции против Белорусија треба да се однесуваат само на високи функционери. ссм/

Back to top button
Close
Close