Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Помпео пристигна во Виена

Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео пристигна во Виена доцна попладнево, каде утре ќе има разговори со австриското државно раководство, но и со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МАЕА), како и со неговиот грчки колега.

Виена, 13 август 2020 (МИА) – Шефот на американската дипломатија Мајк Помпео пристигна во Виена доцна попладнево, каде утре ќе има разговори со австриското државно раководство, но и со шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МАЕА), како и со неговиот грчки колега.

Како што е потврдено во Виена, Помпео вечерва се среќава со австрискиот канцелар Себастијан Курц, а на разговорите ќе присуствуваат министерката за европски прашања, Каролин Едстадлер и министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг. Тие ќе разговараат за билатералните односи, односите САД-ЕУ, како и актуелната корона-криза.

„Целта е да се рестартираат трговските односи меѓу Австрија и САД, а ќе се разговара и за меѓународните прашања, пред се за ситуацијата на Блискиот исток, Белорусија, но и на Западен Балкан“, соопшти кабинетот на Курц. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close