Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Помпео: Независноста на Косово останува клучна за стабилноста на регионот

Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека косовскиот суверенитет и независност остануваат клучни за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан

Вашингтон, 17 февруари 2020 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјави дека косовскиот суверенитет и независност остануваат клучни за безбедноста и стабилноста на Западен Балкан.

– Косово по неодамнешните парламентарни избори и формирање на Влада има нова можност да го реализира целосниот потенцијал и за своите граѓани и во однос со соседните земји, соопшти Стејт департментот.

Додека Помпео во честитката по повод Независноста на Косово го потенцира силното партнерство помеѓу двете земји.

– САД го поддржуваат Косово на патот кон интеграцијата во трансатлантските институции и ќе продолжат да работат на зајакнување на владеењето на правото, сузбивање на корупцијата и поттикнување на економскиот просперитет за сите граѓани на Косово, се наведува во честитката на Помпео по повод Денот на независност на Косово.

Тој посочи дека „САД се охрабрени од неодамнешните настани кои сигнализираат чекор кон поттикнување на инвестициите, туризмот и комерцијалните и меѓучовечките врски со Србија, со што се поставува темел за понатамошен напредок кон сеопфатна нормализација во блиска иднина“.

Собранието на Косово на 17 февруари 2008 година усвои Декларација за независност. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close