СветСвет.Портал

Помпео: Не ја условивме Украина

Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави дека потенцијалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа не е условена со отворање истрага против синот на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден.

Киев, 31 јануари 2020 (МИА) – Државниот секретар на САД Мајк Помпео изјави дека потенцијалната посета на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белата куќа не е условена со отворање истрага против синот на поранешниот американски потпретседател Џо Бајден.

Помпео на прес-конференција со Зеленски рече дека Вашингтон и Киев заедно ќе го договорат времето за посетата.

Помпео во Украина ќе се сретне и со премиерот Олексиј Хончарук и претставници на невладиниот сектор.

Во пресрет на посетата, Стејт департментот соопшти дека Помпео во Киев ќе ја „нагласи американската поддршка за украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет“.

Помпео во рамки на турнејата по Европа и Централна Азија ќе ги посети и Белорусија, Казахстан и Узбекистан. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close