Svet.SlajderСветСвет.Портал

Помпео: Кина под итно да ги ослободи двајцата притворени Канаѓани, обвинети за шпионажа

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска го повика Пекинг да ги ослободи двајцата Канаѓани, кои во оваа земја се обвинети за шпионажа, и кажа дека САД се „крајно загрижени“ за одлуката на Кина да покрене обвинение против Мајкл Ковриг и Мајкл Спавор.

Вашингтон, 22 јуни 2020 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска го повика Пекинг да ги ослободи двајцата Канаѓани, кои во оваа земја се обвинети за шпионажа, и кажа дека САД се „крајно загрижени“ за одлуката на Кина да покрене обвинение против Мајкл Ковриг и Мајкл Спавор.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека обвинувањата за шпионажа против Ковриг и Спавор државниот секретар ги оценува како „политички мотивирани и целосно неосновани“.

„САД стојат зад Канада во повикот до Пекинг за итно ослободување на двајцата мажи и ја отфрла употребата на овие неоправдани притвори за да се изврши притисок врз Канада“, наведува Помпео.

Американскиот државен секретар ја поддржа Канада, повикувајќи ја Кина да им дозволи на конзуларните претставници да ги посетат двајцата Канаѓани во согласност со Виенската конвенција за конзуларни односи, бидејќи, додаде, Кина забранила таков пристап речиси шест месеци.

Поранешниот дипломат Мајкл Ковриг и бизнисменот Мајкл Сприр минатата недела беа обвинети за шпионажа и откривање државни тајни, а нивното апсење на Запад се смета за притисок врз Отава за ослободување на директорката на „Хуавеи“, Менг Ванжу.

Менг беше уапсена во Ванкувер на 1 декември 2018 година, на барање на американските власти, под обвинение за кршење на санкциите против Иран. сд/

Back to top button
Close
Close