Svet.SlajderБалканБалкан.Портал

Помпео и во Словенија ја обвини Кина дека се обидува да ги контролира луѓето и економиите

Американскиот државен секретар денеска ја посети Словенија во рамките на мини европската турнеја, при што повтори дека плимата се свртува кон Комунистичката партија на Кина која се обидува да ги контролира луѓето и другите економии, додека словенечкиот премиер Јанез Јанша посочи дека земјата немаше да се ослободи од комунистичкиот режим без помош на САД

Љубљана, 13 август 2020 (МИА) – Американскиот државен секретар денеска ја посети Словенија во рамките на мини европската турнеја, при што повтори дека плимата се свртува кон Комунистичката партија на Кина која се обидува да ги контролира луѓето и другите економии, додека словенечкиот премиер Јанез Јанша посочи дека земјата немаше да се ослободи од комунистичкиот режим без помош на САД.

Помпео на прес-конференцијата по потпишувањето на заедничката декларација за безбедност на 5Г мрежата, истакна дека лидерите во Европа и ширум светот сакаат слободно да живеат без оглед дали се во Белорусија, Либан, Хонг Конг или на друго место.

– Знам дека Словенија се гордее со тоа што е лидер во науката и технологијата, а кога ќе станете чиста држава 5Г, како што денеска правите, ќе ја зацврстите таа позиција. Плимата се свтрува против Комунистичката партија на Кина и нејзините напори да ја ограничат слободата на сите нас, посочи Помпео.

Додека словенечкиот премиер Јанез Јанша зборуваше за минатото на Словенија, како дел од поранешна Југославија, истакнувајќи дека земјата пред 32 година била дел од тоталитарен режим, а сега е слободна земја.

Тој им се заблагодари на САД што во претходниот век двапати дошле во Европа, прво да помогнат во борбата против нацизмот, а потоа и за „ослободување од тиранијата на комунизмот“. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close