Svet.SlajderСветСвет.Портал

Помпео го повика Ирак да го зачува својот суверенитет

Американскиот државен секретар Мајк Помпео телефонски разговараше со ирачкиот премиер Адел Абдел Махди и му укажа дека Ирак треба да го зачува својот суверенитет и покрај „нападите“ на Иран.

Вашингтон, 28 јануари 2020 година (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео телефонски разговараше со ирачкиот премиер Адел Абдел Махди и му укажа дека Ирак треба да го зачува својот суверенитет и покрај „нападите“ на Иран.

Тој го изјави ова еден ден по ракетниот напад врз американската Амбасада во Багдад, која се наоѓа во Зелената зона во градот која е многу обезбедена.

Во телефонскиот разговор, Помпео изрази „огорченост поради повторните напади на иранските вооружени групи врз американски објекти во Ирак“, се вели во соопштението на Стејт департментот.

Ирачката Влада треба да преземе итни мерки за да ги заштити нашите дипломатски објекти, како што е предвидено со меѓународното право, напиша Помпео на Твитер. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close