СветСвет.Портал

Помпео го отфрли извештајот за отповикувањето на Трамп: Сè е погрешно

Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска го отфрли извештајот за презентирање на случајот за отповикувањето на американскиот претсетдател Доналд Трамп со изјавата: Eдноставно сè е погрешно.

Лисабон, 5 декември 2019 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска го отфрли извештајот за презентирање на случајот за отповикувањето на американскиот претсетдател Доналд Трамп со изјавата: Eдноставно сè е погрешно.

На 300 странички од извештајот, објавени од демократите кои го предводат Комитетот за разузнавање во Претставничкиот дом, изнесени се обвиненија дека Трамп ја злоупотребил власта.

Според извештајот, Помпео се наоѓа помеѓу највисоките функционери кои знаеле или пак биле вмешани во тоа како да остварат политичка корист од странска земја.

Републиканскиот претседател Доналд Трамп ги негираше сите обвиненија, нарекувајќи ја истрагата-измама.

Во извештајот е наведено дека многу од најблиските подредени и советници на Трамп, вклучувајќи го и Помпео, му помогнале на американскиот претседател да изврши притисок врз Украина, а притоа Конгресот не бил информиран за тоа. мм/ссм/

Таг
Back to top button
Close
Close