Svet.SlajderСветСвет.Портал

Помпео го информира Гани дека е постигнат напредок во преговорите со талибанците

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани синоќа изјави дека американскиот државен секретар Мајк Помпео го информирал дека е „постигнат значаен напредок“ во преговорите со бунтовничкото движење на талибанците за повлекување на американските војници од Авганистан, јавуваат британските медиуми.

Вашингтон, 12 февруари 2020 (МИА)  – Авганистанскиот претседател Ашраф Гани синоќа изјави дека американскиот државен секретар Мајк Помпео го информирал дека е „постигнат значаен напредок“ во преговорите со бунтовничкото движење на талибанците за повлекување на американските војници од Авганистан, јавуваат британските медиуми.

Гани на Твитер напиша дека во телефонскиот разговор со Помпео бил инфомиран дека талибанците на преговорите до Доха изнеле предлог што може да доведе до „значано и трајно намалување на насилството“ во Авганистан.

Американскиот претседател Доналд Трамп повлекувањето на 13.000 американски војници од Авганистан и договорот за тоа со талибанците ги стави како свои надворешно политички приоритети што можат да му ги зголемат шансите за повторна победа на претседателските избори во ноември. сд/

Back to top button
Close
Close