СветСвет.Портал

Помпео бара од Турција Аја Софија да остане музеј

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика денеска Турција да не го менува статусот на истанбулската Аја Софија и да овозможи да остане музеј.

Вашингтон, 1 јули 2020 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја повика денеска Турција да не го менува статусот на истанбулската Аја Софија и да овозможи да остане музеј.

Во соопштение објавено еден ден пред донесување на судската одлука, која може да го отвори патот за барањата Аја Софија повторно да се претвори во џамија, Помпео ја пофали турската Влада за одржување на зградата „на извонреден начин“ како музеј, но предупреди дека менувањето на статусот може да го загрози нејзиното наследство.

– Ја повикуваме турската Влада да продолжи да ја одржува Аја Софија како музеј, како пример за нејзината посветеност за почитување на верските традиции и разновидната историја, што придонесе за Република Турција, и да обезбеди таа да остане достапна за сите, порача Помпео.

Заменик-претседателот на партијата на Ердоган, Правда и развој, Нуман Куртулмус, тврди дека тоа е прашање од национален суверенитет.

– Не ни треба ничиј совет, ниту препораки за нашите работи, рече Куртулмус. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close