ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Помпео ја почна посетата на Украина

Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во посета на Украина, каде ќе има средба со претседателот Володомир Зеленски, со премиерот и со претставници на власта и на невладините организации.

Киев, 31 јануари 2020 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео пристигна во посета на Украина, каде ќе има средба со претседателот Володомир Зеленски, со премиерот и со претставници на власта и на невладините организации.

Непосредно пред посетата, Стејт департментот соопшти дека Помпео во Киев ќе ја нагласи „американската поддршка за украинскиот суверенитет и територијален интегритет“.

Посетата се случува во момент кога во американскиот Сенат се води судење за отповикување на претседателот Доналд Трамп поради тоа што, како што обвинуваат демократите, се обидел да ја замрзне воената помош за Украина со цел да изврши притисок врз Зеленски да почне истрага против поранешниот американски потпретседател Џо Бајден и веројатен демократски противкандидат на Трамп на претстојните претседателски избори.

Инаку, прашањата поврзани со Украина и американската амбасадорка во Киев  Мари Јованович, беа причина зошто Помпео го прекина интервјуто со НПР, Јавно радио на САД. Подоцна, тој оневозможи на новинарка од тој медиум да го следи на турнејата по Европа и централна Азија. Во рамки на таа турнеја, американскиот државен секретар ќе ги посети и Белорусија, Казахстан и Узбекистан. ссм/

 

Таг
Back to top button
Close
Close