Дописници СветСветСвет.Портал

Помпео ја осуди одлуката на МКС да спроведе истрага за Авганистан

Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја критикуваше одлуката на апелација во Меѓународниот кривичен суд за спроведување истрага за можни злосторства од страна на талибанците, САД и авганистанската армија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

Вашингтон, 5 март 2020 (МИА) – Американскиот државен секретар Мајк Помпео ја критикуваше одлуката на апелација во Меѓународниот кривичен суд за спроведување истрага за можни злосторства од страна на талибанците, САД и авганистанската армија, јави дописникот на МИА од Вашингтон.

– Ова навистина е обесхрабрувачки чекор на еден неодговорен политички орган кој се маскира како суд на правдата, изјави Помпео.

Според него, одлуката е избрзана со оглед на тоа што само неколку денови по нејзиното донесување САД го потпишаа „историскиот мировен договор за Авгаиниста, кој е најдобра шанса за мир во оваа генерација“.

Помпео потсети дека авганистанската Влада побарала од МКС да не оди во таа насока, но дека „политичарите во МКС имаат други цели“.

– САД не се член на МКС, и ќе ги преземеме сите неопходни мерки за заштита на нашите граѓани од тој отпаднички, таканаречен суд, истакна Помпео.

– Ова е уште едно потсетување за тоа што се случува кога во мултилатералните органи нема контрола и одговорно лидерство, и тие стануваат инструмети на политичка одмазда, кажа тој, додавајќи дека „МКС денеска на тажен начин го потврди сето она што го укажуваа неговите најгласни критичари во текот на последните три децении“. кб/

Таг
Back to top button
Close
Close