Дописници МКДОпштински вести

Помладите кадетки од кошаркарскиот клуб Крива Паланка остварија две победи на турнир во Скопје

Кошаркарките од клубот „Крива Паланка", генерација 2006 и помлади, денеска учествуваа на вториот турнир од лигата во организација на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија што се одржа во салата „Дупка" во Скопје и остварија две победи.

Крива Паланка, 16 февруари 2020 (МИА) – Кошаркарките од клубот „Крива Паланка”, генерација 2006 и помлади, денеска учествуваа на вториот турнир од лигата во организација на Кошаркарската федерација на Република Северна Македонија што се одржа во салата „Дупка” во Скопје и остварија две победи.

Организатор на турнирот беше кошаркарски клуб „МЗТ Аеродром”, а учествуваа екипи од четирите клубови од групата Б: КК Крива Паланка, КК МЗТ Аеродром, КК Пробаскет, Пробиштип и КК “Клупски Патриот”, Делчево.

-Исклучително сме задоволни од нашите кошаркарски надежи во оваа генерација, девојчиња родени 2006 година и помлади, кои денес во двата одиграни дуели беа на висина на задачата. Мора да напоменам дека иако е во ек виреење на вирози, сепак дечињата имаа силна желба за игра и одиграа два одлични дуели. Со заокружување на резултатите од двата одиграни турнири во досегашниот тек од првенството, нашиот стручен штаб е задоволен од настапите на играчите, но факт е дека ни претстои уште многу работа и вложување многу труд, изјави тренерот Мирослав Ивановски.

Викендов се одиграа и останатите натпревари во групите А и В во оваа генерација девојчиња, а до крајот на сезоната 2019/20 ќе одигра уште два турнири, по што најдобрите екипи во трите групи и најдобро рангираната второпласирана екипа ќе играат завршен Ф4 турнир.

Селективен собир во генерацијата 2006/07 ќе се реализира во претстојниот период,а репрезентацијата М-14 летово ќе настапи на силниот турнир во Словенија, “Slovenia ball”. ид/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close