ЕвропаЕвропа.Портал

Полскиот премиер тврди дека Ковид-19 е болест „како и секоја друга“

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полјаците не треба да се плашат да одат на вториот круг од претседателските избори на 12 јули, бидејќи Ковид-19, според него, е болест „како и секоја друга“.

Варшава, 2 јули 2020 (МИА) – Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска изјави дека Полјаците не треба да се плашат да одат на вториот круг од претседателските избори на 12 јули, бидејќи Ковид-19, според него, е болест „како и секоја друга“.

– Ова е болест за која можеме да кажеме дека е како и секоја друга. Само чекаме вакцина, нагласи Моравјецки.

Актуелниот претседател Анджеј Дуда, партиски колега на Моравјецки од националистичката партија Право и правда во вториот круг од изборите ќе се соочи со центристичкиот градоначалник на Варшава, Рафал Трзасковски.

Првиот круг од изборите се одржа во неделата. Дуда доби 43,5 проценти од гласовите, а Трзасковски 30,56 проценти. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close