ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Полска потпиша договор за купување американски борбени авиони „Ф-35“ за 4,6 милијарди долари

Полските власти денеска во базата Демблин потпишаа договор за купување на 32 американски борбени авиони од петата генерација “Ф-35“ за 4,6 милијарди долари, што ќе почнат да патролираат со воздушниот простор на Полска од 2026 година.

Варшава, 31 јануари 2020 (МИА) – Полските власти денеска во базата Демблин потпишаа договор за купување на 32 американски борбени авиони од петата генерација “Ф-35“ за 4,6 милијарди долари, што ќе почнат да патролираат со воздушниот простор на Полска од 2026 година.
-Ова е невообичаено важен ден за полското Воено воздухопловство, за полските пилоти на воени ловечки авиони, за безбедноста на Полска, за безбедноста на целиот наш дел од Европа, изјави на свеченоста Врховниот командант на Вооружените сили, претседателот на Полска, Анжеј Дуда.
Полскиот министер за одбрана, Мариуш Блашчак, го потпиша договорот според кој компанијата „Ликуд Мартин“ 32-та авиони „Ф-35“  во верзијата „А“ – за конвенционално полетување и слетување, ќе и ги стави на располагање на Полска за 4,6 милијарди долари до 2024 година, но пред се за обука на полските пилоти во САД, додека првите 16 модели ќе почнат да оперираат во земјата дури од 2026 година.
-„Ф-35“ е врв на врвовите. Тоа е ловец неспоредлив со било кој друг авион. На воените воздухопловства што го имаат им дава огромна предност. Купувањето на овие авиони е елемент на полската стратегија на заплашување, рече министерот Блашчек во пресрет на потпишувањето на договорот.
Полското Министерство за одбрана својот план за модернизација на воздухопловството со купувањето американски авиони „Ф-35“ го претстави во 2017 година, а преговорите беа забрзани минатата пролет по серијата дефекти и хаварии на старите руски авиони „МИГ- 29“, со кои сега располага полското Воено воздухопловство. сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close