0_Магазин.ПорталЗанимливости

Полска: Паркинг-исповеди во време на коронавирусот

Полски свештеник се одлучи да врши тн. паркинг-исповеди пред својата црква во Варшава, во случај ако верниците, во ова време на изолација и задолжително физичко растојание поради коронавирусот, во пресрет на Велигден, посакаат да побараат простување на гревовите.

Варшава, 8 април 2020 (МИА) – Полски свештеник се одлучи да врши тн. паркинг-исповеди пред својата црква во Варшава, во случај ако верниците, во ова време на изолација и задолжително физичко растојание поради коронавирусот, во пресрет на Велигден, посакаат да побараат простување на гревовите.

Отец Матеуш Киеларски седи на паркингот, заштитен со маска и ги слуша верниците зад прозорецот од нивните автомобили.

– Така, од своите возила, тие безбедно можат да ја прочистат својата душа и истовремено да си го заштитат телото од зараза во овие тешки времиња, вели тој.

Во Полска – една од најрелигиозните католички нации во Европа, забранети се собири од над две лица одеднаш, а миса смеат да слушаат само петмина. Властите ги затворија училиштата, рестораните и повеќето продажни претпријатија. Ковид-19 засега во Полска однесе повеќе од 100 животи, а заболени се скоро пет илјади лица.

Паркинг-исповеди има и во неколку американски сојузни држави.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close