ЕвропаЕвропа.ПорталСвет.Слајдер

Полска ја сомничи Русија за сложена операција за дезинформирање

Портпаролот на директорот на полските безбедносни сили Станислав Зарин денеска изјави дека земјата била на мета на „сложена операција на дезинформирање“, со цел да се ослабне сојузништвото помеѓу Полска и САД

Варшава, 25 април 2020 (МИА) – Портпаролот на директорот на полските безбедносни сили Станислав Зарин денеска изјави дека земјата била на мета на „сложена операција на дезинформирање“, со цел да се ослабне сојузништвото помеѓу Полска и САД.

Тој додаде дека операцијата е слична како и претходните руски хакерски напади.

Зарин истакна дека Полска ќе ја продолжи истрагата и оти нема дефинитивен доказ дека Русија стои зад нападот, иако ги има сите карактеристики на претходните хакерски напади од Кремљ.

– Полска долги години е на мета на руската пропаганда. Таквите активностии се повеќе се интензивираат во последно време, посочи Зарин.

Тој тврди дека хакерите објавиле лажно писмо во име на ректорот на Институтот за проучување на војната (Академија каде се обучуваат полските офицери), во кое се повикуваат полските војници да се спротистават на „американската окупација“.

– Пораката од наводното писмо е засилена со пренесување на порталите, меѓу кои и еден познат по ширење на дезинформации. Содржината на писмото одговара на главните наративи, со кои руската пропаганда константно ги форсира против Полска и САД, посочи Зарин.

Тој истакна дека полските власти веруваат дека целта на нападот е создавање на информативен хаос, поткопување на моралот на полските војници и поттикнување на антиамерикански чувства.

Официјална Москва се уште не ги коментирала обвинувањата, иако претходно одлучно негираше вмешаност во кампањата за ширење на дезинформации.

Американски војници се распоредени во Полска и други делови на „источното крило“ на НАТО откако Русија во 2014 година го анектира украинскиот полуостров Крим и почна да ги поддржува проруските сепаратисти во источниот дел на Украина. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close