Дописници МКДОпштински вести

Положено цвеќе на споменикот на илинденците во Битола

Општина Битола го одбележа државниот празник Илинден, а градоначалничката Наташа Петровска порача дека празникот има двојно историско, општествено политичко значење, но и исконско-верско значење за државата.

Битола, 2 август 2020 (МИА) – Општина Битола го одбележа државниот празник Илинден, а градоначалничката Наташа Петровска порача дека празникот има двојно историско, општествено политичко значење, но и исконско-верско значење за државата.

Според востановената традиција, Петровска положи цвеќе на Споменикот на илинденците, што се наоѓа во храмот „Света Недела“ во Битола, а потоа и пред Споменикот на двата Илиндена, што се наоѓа на плоштадот „Гоце Делчев“.

-Нека ни е честит 2-ри Август, нека ни се вековити вредностите, што овој ден ги носи со себе низ столетијата, вредности на почит, соживот, разбирање, слобода, творење и напредок, истакна Петровска. мт/рп/

Back to top button
Close
Close