Дописници МКДОпштински вести

Положено цвеќе на спомен обележјето на Златко Владов во Градско

Пред 29 години, на 17 август 1991 година згасна животот на 22-годишниот Златко Владов од Градско. Тој загина кај Купрес (Босна и Херцеговина) во тогашната ЈНА како млад војник кој го отслужуваше воениот рок.

Велес, 17 август 2020 (МИА) – Пред 29 години, на 17 август 1991 година згасна животот на 22-годишниот Златко Владов од Градско. Тој загина кај Купрес (Босна и Херцеговина) во тогашната ЈНА како млад војник кој го отслужуваше воениот рок.

По тој повод, како и секоја година, денеска букети цвеќе во негова чест положија градоначалникот на општина Градско Роберт Бешовски, семејството на Владов и претставници на АРМ и на Сојузот на борци од Градско.

Во негова чест и сеќавање, плоштадот во Градско го носи неговото име Златко Владов. ад/мс/

Back to top button
Close
Close