Дописници МКДОпштински вести

Положено цвеќе на спомен-бистата на дипломатот Миле Крстевски во Крива Паланка

Делегација од Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, денеска положи свежо цвеќе пред спомен-бистата на кривопаланчанецот, дипломатот Миле Крстевски, кој пред 16 години трагично загина во авионската несреќа во близина на градот Мостар, во која животите ги загубија и тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Крива Паланка, 26 февруари 2020 (МИА) – Делегација од Општина Крива Паланка, предводена од градоначалникот Борјанчо Мицевски, денеска положи свежо цвеќе пред спомен-бистата на кривопаланчанецот, дипломатот Миле Крстевски, кој пред 16 години трагично загина во авионската несреќа во близина на градот Мостар, во која животите ги загубија и тогашниот претседател на државата Борис Трајковски, членови на неговиот кабинет и екипажот на авионот.

Присутните положија цвеќе на споменикот со напомена дека споменот на луѓето кои остануваат трајно запишани во аналите на државната историја се чува од заборав, а денешниот датум е ден кога со пиетет се оддава почит и на ликот и делото на дипломатот Миле Крстевски.

Цвеќе на спомен-бистата на Крстевски положија и членови на неговото пошироко семејство, браќата и сестрата, како и роднини од неговата родна Крива Паланка. ид/сп/

Back to top button
Close
Close