БалканБалкан.ПорталДописници Свет

Половина Словенија во “црвена фаза” – една жртва, оштетени објекти, села без струја

Пожарникарите и припадниците на цивилната заштита на Словенија се уште ги санираат последиците од силниот ветер кој во текот на денот дуваше во земјата. Половина држава се уште е во “црвена фаза” за опасност од екстремно силен ветер

Љубљана, 10 февруари 2020 (МИА) – Пожарникарите и припадниците на цивилната заштита на Словенија се уште ги санираат последиците од силниот ветер кој во текот на денот дуваше во земјата. Половина држава се уште е во “црвена фаза” за опасност од екстремно силен ветер, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Рано утрово на патот Дравоград-Марибор едно лице го изгуби животот, откако врз неговиот автомобил падна дрво откорнато со силниот ветер. Вечерва без струја се над 340 домаќинства во околината на Цеље. Поради силниот ветер е оштетен покривот на болницата во Птуј.

Во Општината Преболд ветерот откорна 230 години стара липа, која падна врз куќа и ја оштетила. Проблеми со откорнати дрва и сообраќајни знаци има во Штаерската и Корошката област.

Агенцијата за животна средина (АРСО) објави дека во некои делови на словенија денеска е измерен ветер со брзина и над 100 километри на час. ав/

Back to top button
Close
Close