ЕвропаЕвропа.Портал

Половина милион Италијанци останале без работа поради пандемијата

Повеќе од половина милион луѓе во Италија ги загубија своите работни места од февруари до мај годинава, како резултат на пандемијата на Ковид-19 и економската криза што следеше, јавија локалните медиуми.

Рим, 2 јули 2020 (МИА) – Повеќе од половина милион луѓе во Италија ги загубија своите работни места од февруари до мај годинава, како резултат на пандемијата на Ковид-19 и економската криза што следеше, јавија локалните медиуми.

Државниот институт за статистика ИСТАТ регистрира и 900 илјади „неактивни“, односно луѓе кои не работат и не бараат работа и уште 400 илјади луѓе кои бараат работа.

Отпуштањата најтешко ја погодиле женската работна сила, 7,8 проценти од вкупниот број на невработени, а 23,5 отсто од невработените се млади.

Според статистичките податоци објавени денеска, само во мај годинава, невработеноста вп Италија, во однос на истиот месец лани, е зголемена за два проценти, односно изгубени се 84 илјади работни места. јт/

 

Таг
Back to top button
Close
Close