СветСвет.Портал

Политичка криза во Салвадор

Претседателот на Салвадор Наиб Букеле ги повика своите приврзаници на воздржаност откако се заканија дека насилно ќе влезат во Парламентот.

Сан Салвадор, 10 февруари 2020 (МИА) – Претседателот на Салвадор Наиб Букеле ги повика своите приврзаници на воздржаност откако се заканија дека насилно ќе влезат во Парламентот.

Нивната закана доаѓа откако опозициските пратеници не сакаа да гласаат за кредит од 109 милиони долари за опремување на безбедносните сили.

Стотици приврзаници на Букеле се собраа пред Парламентот, кој е под контрола на опозицијата, и се заканија дека ќе ги отстранат опозициските пратеници од законодавниот дом.

Полицијата и војската, кои го поддржуваат претседателот, поставија тешко вооружување околу зградата.

Опозициските пратеници побараа повеќе детали за планот за трошење пред да гласаат.

Кабинетот на Букеле соопшти дека средствата ќе се користат за купување хеликоптери, полициски возила, униформи и друга опрема, вклучувајќи и систем за видео надзор во земјата која се бори со банди и висок криминал.

Во Салвадор на 21 февруари наредната година ќе се одржат локални и парламентарни избори. паг/

 

Таг
Back to top button
Close
Close