Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Полицијата во Минск ги затвори приодите кон Плоштадот на независноста

Полицијата во Минск ги затвори приодите кон централниот Плоштад на независност, каде се наоѓаат владината зграда и зградата на Централната изборна комисија, јави ТАСС.

Минск, 13 август 2020 (МИА) – Полицијата во Минск ги затвори приодите кон централниот Плоштад на независност, каде се наоѓаат владината зграда и зградата на Централната изборна комисија, јави ТАСС.

Полициските единици се распоредени и околу зградата на претседателската администрација.

Таму се паркирани над 10 автобуси со припадници на полициските интервентни единици, а доставена е и специјална опрема, што се користи за растурање демонстрациите.

Во меѓувреме, бројот на демонстранти расте. Според проценките на ТАСС, во центарот на Минск засега има неколку илјади луѓе.

Од соопштувањето на резултатите од претседателските избори во Белорусија во неделата, секојдневно во Минск и други градови се одржуваат протести, каде демонстрантите ги обвинуваат властите за изборен фалсификат. Досега се уапсени најмалку 6700 демонстранти, не е познат бројот на повредените. Исто така, има повредени и полицајци во протестите. ссм/

Back to top button
Close
Close