Svet.SlajderСветСвет.Портал

Полицијата во Минеаполис повеќе нема да може да го задушува приведениот

Градскиот совет во Минеаполис донесе одлука за забрана на задушување на лице за време на полициско апсење, по убиството на Џорџ Флојд пред 10 дена, кога полицаец со колено му го притискаше вратот повеќе од осум минути.

Минеаполис, 6 јуни 2020 (МИА) – Градскиот совет во Минеаполис донесе одлука за забрана на задушување на лице за време на полициско апсење, по убиството на Џорџ Флојд пред 10 дена, кога полицаец со колено му го притискаше вратот повеќе од осум минути.

Ограничена е и употребата на средства за разбивање демонстрации и побарана е поголема транспарентност во работата на полицијата.

– Ова е моментот кога можеме целосно да го промениме начинот на дејствување на полицијата“, рече градоначалникот Џејкоб Фреј, пренесува Си-Ен-Ен.

Тој додаде дека во минатото имало проблеми со воведување на вакви промени, но оти сега тие можат да се спроведат. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close