Дописници МКД

Полицијата во Кавадарци реализираше превентивна акција за заштита од КОВИД-19

Полицијата во Кавадарци денеска реализираше превентивна акција за заштита од вирусот КОВИД-19. Во акцијата беа поделени едукативни флаери за граѓаните.

Кавадарци, 3 јули 2020 (МИА) –  Полицијата во Кавадарци денеска реализираше превентивна акција за заштита од вирусот КОВИД-19. Во акцијата беа поделени едукативни флаери за граѓаните.

-Целта е уште еднаш да се потсетиме на препораките за превенција и заштита од КОВИД-19. Носење на заштитна маска, држење растојание од 1,5 – 2 метра, редовно миење и дезинфицирање на рацете, рече Димитар Каракулев, инспектор за превенција.

Тој нагласи дека почитувањето на овие мерки е придонес кон сопственото, но и колективното здравје.
свд/скс/

Back to top button
Close
Close