Svet.SlajderСветСвет.Портал

Полицијата во Бејрут фрли солзавец врз демонстрантите

Полицијата денеска фрли солзавец на демонстрантите кои се обиделе да се пробијат низ ограда за да стигнат до зградата на Парламентот во Бејрут за време на протестите поради владините реакции за експлозијата во градот.

Бејрут, 8 август 2020 (МИА)Полицијата денеска фрли солзавец на демонстрантите кои се обиделе да се пробијат низ ограда за да стигнат до зградата на Парламентот во Бејрут за време на протестите поради владините реакции за експлозијата во градот.

Околу 5.000 луѓе се собраа на Плоштадот во центарот на градот, од кои некои фрлале со камења.

Демонстрантите извикуваа: „Луѓето сакаат режимот да падне“.

Во експлозијата во пристаништето во Бејрут загинаа 154 лица, а беа повредени 5.000 лица и уништен дел од градот.

Владата вети дека одговорните ќе ги изведат пред лицето на правдата. паг/

Таг
Back to top button
Close
Close