СветСвет.Портал

Полицијата растера демонстранти во Баку кои бараа војна со Ерменија

Азербејџанската полиција растера илјадници демонстранти кои се собраа во главниот град Баку, синоќа во знак на поддршка на армијата, откако 11 војници беа убиени во граничните судири со Ерменија.

Баку, 15 јули 2020 (МИА) – Азербејџанската полиција растера илјадници демонстранти кои се собраа во главниот град Баку, синоќа во знак на поддршка на армијата, откако 11 војници беа убиени во граничните судири со Ерменија.

Вкупно 16 лица загинаа од неделата во најтешките борби во изминатите години помеѓу двете држави во јужен Кавказ, предизвикувајќи стравувања од големи немири во регионот.

Со децении, поранешните советски држави се во остар конфликт во врска со отцепениот регион на Азербејџан, Нагорно-Карабах, кој беше заземен од етничките ерменски сепаратисти за време на војната во 1990-те во која загинаа 30.000 луѓе.

Во најголемиот митинг на Азербејџан во изминатите години, демонстрантите бараа армијата да биде мобилизирана за да го заземе Нагорно-Карабах.

Јавните настани во моментот се забранети во Азербејџан, како дел од ограничувањата за забавување на ширењето на коронавирусот.

Демонстрантите маршираа кон парламентот, а некои влегоа во зградата, што предизвика одговор на полицијата кои користеа водени топови за да ја растераат толпата.

Единаесет азербејџански борци и цивил се убиени во пограничните судири од неделата.

Портпаролот на ерменското Министерство за одбрана Сушан Степанјан денеска изјави дека ситуацијата на границата „е мирна“.

Азербејџан, чии воени расходи се над целиот државен буџет на Ерменија, во неколку наврати се закануваше дека ќе ја врати контролата врз Нагорно-Карабах со сила.

Ерменија, од своја страна, вети дека ќе уништи каква било воена офанзива. зш/

Back to top button
Close
Close