Дописници МКДОпштински вести

Полицијата и пазарните инспектори одзедоа стока од нерегистрирани продавачи во центарот на Струмица

Полицијата во заедничка и координирана акција со Државниот пазарен инспекторат одзеле поголема количина земјоделски и прехрамбени производи од нерегистрирани продавачи, кои продавале на тротоарите пред и позади ТЦ „Глобал“, соопштија од СВР-Струмица попладнево.

Струмица, 22 јуни 2020 (МИА) – Полицијата во заедничка и координирана акција со Државниот пазарен инспекторат одзеле поголема количина земјоделски и прехрамбени производи од нерегистрирани продавачи, кои продавале на тротоарите пред и позади ТЦ „Глобал“, соопштија од СВР-Струмица попладнево.

– Ваквата активност е произлезена од претходно доставената молба од Здружени продавачи ГП „Глобал“ и одржаниот Локален совет за превенција на општина Струмица, стои во соопштенито на струмичката полиција.

Додаваат дека ваквите координирани активности ќе продолжат и во иднина заедно со надлежните инспекциски служби. рт/мс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close