Дописници МКДОпштински вести

Полицијата делеше маски во Струмица, но пишуваше и казни

На подрачјето на СВР-Струмица досега се евидентирани над 800 прекршувања на владината уредба која предвидува носење заштитна маска. Најголем дел од прекршоците се регистрирани на територијата на Струмица, потоа во Гевгелија, Радовиш и Валандово, информираа од овој сектор.

Струмица, 6 јуни 2020 (МИА) – На подрачјето на СВР-Струмица досега се евидентирани над 800 прекршувања на владината уредба која предвидува носење заштитна маска. Најголем дел од прекршоците се регистрирани на територијата на Струмица, потоа во Гевгелија, Радовиш и Валандово, информираа од овој сектор.

И денеска Отсекот за превенција при СВР-Струмица и волонтери на Црвениот крст делеа маски на граѓаните и укажуваа на почитување на препораките од Владата за заштита и превенција од Ковид-19, а полицијата изрече казни на повеќе граѓани кои не се придржуваа до уредбата за задолжително носење заштитина маска.

– Целта на денешната активност е да се подигне свеста кај граѓаните околу почитувањето на донесените уредби, односно носење на заштитна опрема. Ваквата превентивна активност ќе се спроведува и во наредниот период. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат ваквите донесени одлуки и да си носат заштитна опрема,рече самостојниот инспектор за превенција Оливер Ристов.

Превентивната активност на полицијата се реализираше на повеќе локации во градот на кои има голема фреквенција на граѓани. рт/мс/

Back to top button
Close
Close