0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вести

Полицаец во Велес повреден со огнено оружје

Полицаец  од СВР-Велес е повреден претпладнево околу 10:15 минути  со огнено оружје, пиштол, во близина на велешката црква „Св. Спас“, потврдија за МИА од СВР-Велес.

Велес, 2 февруари 2020 (МИА) – Полицаец  од СВР-Велес е повреден претпладнево околу 10:15 минути  со огнено оружје, пиштол, во близина на велешката црква „Св. Спас“, потврдија за МИА од СВР-Велес.
На 46 годишниот М.Е, кој итно е пренесен во Хируршката амбуланта при велешката Општа болница укажана му е прва помош. Тој е вон животна опасност, но поради сериозноста на повредите е препратен на Хирушките Клиники во Скопје.
Како што информира за МИА доктор Тодор Јаковлевски, портпарол на ЈЗУ Општа болница повредениот полицаец кој бил донесен во болницата нешто по 11 часот се здобил  со четири прострелни рани во абдоменот и една во колено и засега е вон животна опасност.
Но поради сериозноста на повредите препратен е на понатамошно лекување во Хирушките клиники во Скопје.
Од СВР Велес за МИА  само го потврдија настанот и информираа дека нивни екипи се на лице место и вршат истрага. ад/ац/

Back to top button
Close
Close