Дописници МКДОпштински вести

Полицаец испукал куршум при проверка на пиштол, нема повредени

Тетовски полицаец при проверка на пиштолот испукал еден куршум, а при инцидентот нема повредени во просториите на СВР Тетово. Настанот се случил вчера околу 9 часот и 30 минути.

Тетово, 3 јуни 2020 (МИА)– Тетовски полицаец при проверка на пиштолот испукал еден куршум, а при инцидентот нема повредени во просториите на СВР Тетово. Настанот се случил вчера околу 9 часот и 30 минути.

 -Извршен е увид во работна канцеларија на СВР Тетово, во која околу 9 часот и 30 минути, полицискиот службеник Ш.С.(37) вршејќи проверка на службениот пиштол, испукал еден куршум кој завршил во подот пред влезната врата. Нема повредени лица, додека било причинето само незначително оштетување на подот и sидот, информираат од тетовската полиција.

Во консултација и координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот. ас/ир

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close