Svet.SlajderДописници СветСветСвет.Портал

Полицаец и тројца жители убиени во престрелка во Џерси Сити

Шест лица загинаа, вклучувајќи двајца напаѓачи, во престрелки што се случија синоќа во Џерси Сити, во близина на Њујорк.

Вашингтон, 11 декември 2019 (МИА) – Шест лица загинаа, вклучувајќи двајца напаѓачи, во престрелки што се случија синоќа во Џерси Сити, во близина на Њујорк.

Еден од загинатите е полицаец кој се приближил до комбе што било сомнително дека е употребено во убиство, осомничениот возач пукал во него и избегал со возилото.

Тројца од загинатите се локални жители кои се наоѓале во продавница каде напаѓачите, маж и жена, се скриле.

Отакако биле лоцирани, еврејскиот реон каде се наоѓале осомничените бил блокиран и надлетуван од хеликоптери. Евакуирани биле повеќе локали и едно училиште, додека престрелката меѓу распоредените специјални полициски сили и осомничените траеле со часови.

Напаѓачите биле совладани во вечерните часови.

-Изгледеше како да е војна, изјави еден од очевидците на настанот. кб/сд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close