0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Пол-позицијата во Абу Даби за Макс Верстапен

Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го оствари најдобриот резултат на денешните квалификациите за Големата награда на Абу Даби.

Абу Даби, 12 декември 2020 (МИА) – Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен го оствари најдобриот резултат на денешните квалификациите за Големата награда на Абу Даби.

За Холанѓанецот ова е прва пол-позиција сезонава и трета во неговата кариера.

Од втората позиција ќе тргне пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас.

На третото место се пласира другиот возач на Мерцедес и актуелен светски шампион Луис Хамилтон.

Од 4-10 позиција се пласираа: Ландо Норис, Александер Албон, Карлос Сајнс, Данил Квјат, Ленс Строл, Шарл Леклер и Пјер Гасли.

Главната трка од светскиот шампионат во Формула 1 за Големата награда на Абу Даби ќе се одржи утре со почеток во 14:10 часот. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close