0_Спорт.ПорталКошарка

Пол Џорџ: Дончиќ е сè уште дете, но прави неверојатни работи

Кошаркарот на Лоа Анџелес Клиперс, Пол Џорџ, верува дека младиот Лука Дончиќ на почетокот на сезоната покажува импресивна игра.

Лоа Анџелес, 27 ноември 2019 (МИА) – Кошаркарот на Лоа Анџелес Клиперс, Пол Џорџ, верува дека младиот Лука Дончиќ на почетокот на сезоната покажува импресивна игра.

– Ова што го прави тој на негова возраст е импресивно. Сè уште е дете и прави прекрасни работи. Тој допрва треба да дознае некои работи, има огромен потенцијал. Во догледно време ќе биде многу страшен, истакна Џорџ.

Дваесет годишниот словенечки кошаркар во НБА лигата дојде пред две години. Тој втора сезона настапува за Далас. Претходно три години беше дел од Реал Мадрид. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close