0_Спорт.ПорталФудбал

Покетино не сака конфликт со раководството на ПСЖ, Тотенхем го следи Тен Хаг

Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино може да остане во клуб и следната сезона и покрај намерата на премиерлигашот Тотенхем да го врати во своите редови.

Париз, 2 јуни 2021 (МИА) – Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино може да остане во клуб и следната сезона и покрај намерата на премиерлигашот Тотенхем да го врати во своите редови.

Според новинарот на „Телефут“, Жулиен Мејнар, ПСЖ не сака да го пушти Аргентинецот да замине во Тотенхем, а тој нема намера да се кара со управата на клубот, бидејќи е благодарен за можноста да работи со „светците“.

Тотенхем работи на други опции, особено, испитувајќи ја кандидатурата на Ерик Тен Хаг од Ајакс. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close